Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД сакаат да бидат партнер на Италија, но не по цена на нејзината национална безбедност ако постои ризик во однос на позицијата на Рим кон кинеската технологија за развој на мрежата 5G, пренесува Ројтерс.
„Ние сакаме да бидеме партнер на Италија, но не на штета на американската национална безбедност“, рече Помпео за SkyTg24, италијанска телевизиска станица, кога го прашаа за загриженоста на Вашингтон за безбедносните проблеми во врска со инфраструктурата за мобилна мрежа 5G обезбедена од кинеската компанија Хуавеј.
Компанијата, која е на списокот во црна листа во САД, во јули објави дека ќе инвестира 3,1 милијарди американски долари во Италија во текот на следните три години.