Помпео: Нападите на „Сауди Арамко“ се воен чин

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Мајк Помпео уште еднаш го обвини Иран дека гi нападнал нафтените постројки на Сауди Арамко и нападот го нарече за прв пат „воен чин“, јавува „Анадолија“.

Loading...

Разговарајќи со новинарите во авионот на патот кон Ријад, Помпео рекол дека е „добро што Американци не биле убиени во нападот“.

„Саудијците беа нападнати, нападот се случи на нивна територија. Тоа е напад директно насочен кон нив и е акт на војна“, рекол американскиот државен секретар.

Тој исто така истакнал дека ова прашање ќе биде на агендата на Генералното собрание на Обединетите нации што ќе се одржи во Њујорк следната недела.

Тој повторил дека Иран е одговорен за нападот и додал дека ќе разговараат за сите детали за ова прашање во Ријад.

Саудиското Министерство за одбрана претходно објави дека нападот врз нафтата „Арамко“ е извршен од северот, со поддршка од Иран.

Турчи ал-Малики, портпарол на Министерството за одбрана, рече дека властите во Ријад имаат докази за вмешаност на Иран во неодамнешните напади со беспилотни летала во нафтените објекти „Арамко“.

„Беспилотните летала „Делта Винг“, иранска изработка, беа вклучени во нападот врз „Арамко“, изјави ал-Малики пред новинарите.

Loading...

Тој истакна дека нападот е „извршен од север кон југ и секако е поддржан од Иран“, истакнувајќи дека нападот е извршен со вкупно 25 беспилотни летала и крстаречка ракета.

Одговорност за нападот врз два објекти на саудиската национална компанија Арамко ја презедоа јеменските бунтовници Хуси, но САД тврдат дека Иран стои зад нив.

Ваквите обвинувања беа отфрлени од официјален Техеран.

Leave a Reply