Помошник началник на СВР Куманово ги злоупотребил положбата и овластувањата

Сподели со своите пријатели

Помошник началник на Секторот за внатрешни работи Куманово М.Ј. (54) заработи кривична пријвата поради  постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот во периодот од 29.12.2015 година до 25.01.2016 година и од 29.01.2016 година до 05.02.2016 година, ја злоупотребил службената положба, на начин што откако бил разрешен од работното место Началник на СВР Куманово, не го раздолжил службеното возило „Шкода Октавија“ и истото неовластено го користел и за време на годишен одмор.

Против него кривична пријава е поднесена од неговиот матичен Сектор.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.