ПОМИРУВАЊЕ НА ПОВИДОК? Трамп подготвен за разговори со Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својот јужнокорејски колега Мун Џае Ин порача дека е отворен за разговор со Северна Кореја, соопштуваат денеска од канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја.

Двајцата претседатели вчера имале телефонски разговор, ден откако Северна и Јужна Кореја одржаа први преговори во последните две години.

Трамп рекол денска дека воени акции нема да има се додека траат преговорите, соопштила Белата Куќа.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин изјавил дека е подготвен под одредени услови да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

 

Loading...

 

Мун тоа го рекол откако двете земји договарале дека ќе соработуваат на Зимските олимписки игри, кои следниот месец започнуваат во Јужна Кореја.

Мун истакнал дека е отворен за состанок со Ким за да се реши проблемот со севернокорејската нуклеарна програма, но истакна дека успехот на таквиот состанок мора да биде гарантиран пред неговото одржување.

 

 

Јужнокорејското Министерство за обединување соопштило дека по првиот дел од состанокот на делегациите на двете Кореи, прв од 2015. година, дека Северна Кореја ќе испрати репрезентација на Зимските олимипски игри кои од 9. до 25. февруари ќе бидат одржани во Јужна Кореја.

Состанокот е одржан во демилитаризираната зона, во пограничниот севернокорејски град Панмунџом.

Преговорите ги предложил Сеул за да се намалат тензиите на Корејскиот полуостров и повторно да се спојат семејствата разделени за време на војната во новогодишните празници во февруари, рекол заменик министерот за обединување Чун Хае Сунг.