Полскиот претседател одбива да го потпише контроверзниот закон за образование

Сподели со своите пријатели

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека ќе одбие да го потпише вториот предлог-закон за реформи во образованието, за кој критичарите велат дека ќе го ограничи пристапот на учениците до образование за прашања како што се ЛГБТ правата.

Loading...

Нацрт-законот ќе ги зголеми овластувањата на училишните надзорници назначени од владата да донесуваат одлуки за тоа кој може да обезбеди дополнителна настава во училиштата.

Некои ги критикуваат реформите бидејќи сметаат дека со нив ќе се спречи пристапот до училиштата на невладините организации и дека ќе се олесни разрешувањето на директорите кои не ги почитуваат препораките на училишните надзорници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

„Ни треба мир“

Дуда рече дека добил протестни писма од родители и воспитувачи.

„Одлучив да не го потпишам овој закон. Свесен сум дека тој ќе смири голем дел од нашето општество. Ни треба мир денес, потребен ни е социјален и политички мир“, рече тој.

Ова беше втор обид на владејачката партија Право и правда (ПиС) да го зголеми влијанието на функционерите назначени од владата врз училиштата. Минатиот март Дуда стави вето на претходната верзија на законот.