Полска ѝ ја предаде првата серија ветени ловци МиГ-29 на Украина, но сѐ уште не е познато колку авиони испратила Варшава.
Loading...
Информации за испораката на авионот објави шефот на Канцеларијата за меѓународна политика на претседателот на Полска, Марцин Пшидац.
„Според моите информации, тој процес е веќе завршен, односно трансферот на овој прв дел (МиГ-29). Се разбира, ќе разговараме за можна понатамошна поддршка“, изјави Пшидач за радио RMF, пренесува Unian.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.