Полска: Пациенти од болница евакуирани со чамци поради поплавите

Сподели со своите пријатели

Полска се уште се бори со поплавите предизвикани од обилните дождови кои ги донесе циклонот Борис, а поради критичната ситуација владата планира да прогласи состојба на природна катастрофа во текот на денот, пренесува полската агенција ПАП.

Loading...

Во Ниса е евакуирана болница, додека Вроцлав е под предупредување за поплави, а големи штети се предизвикани во Клок, Ладек-Здруј и околината, пренесува Танјуг.

Владата денеска поради поплавите ќе одржи вонредна седница, а планираното воведување на состојба на елементарна непогода ќе овозможи товарот за управување со кризи да се префрли од локалните самоуправи на Владата, наведува полската агенција.

Градоначалникот на Вроцлав, Јацек Сутрик, вечерва објави предупредување за поплави за Вроцлав и изјави дека низ градот може да протече максималната очекувана количина на вода, односно околу 3.000. кубни метри во секунда.

Се очекува бранот поплави да стигне до Вроцлав во вторник.

Критична е ситуацијата и во Ниса во областа Ополе, каде што водата ги поплавува улиците во некои населби.