Полска: Новата влада започна процес на ликвидација на државната телевизија и радио

Сподели со своите пријатели

Новата полска проевропска коалициска влада објави дека започнала процес на ликвидација на државната телевизија, радио и новинска агенција, обвинети во претходните години дека станале гласноговорници на партијата Право и правда (ПиС), која владееше во последните осум години.

Loading...

Овој потег е дел од предизборното ветување за враќање на непристрасноста на државните медиуми.

Минатата недела, министерот за култура Бартломиј Сиенкиевич го затвори државниот 24-часовен информативен канал ТВП Инфо и ги распушти одборите на јавните медиуми.

Опозициските пратеници од партијата Право и Правда распуштањето го нарекоа незаконско и одржаа протестен перформанс во просториите на државната телевизија.

Претседателот Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, додаде дека промените предизвикале „анархија“ и ја повика новата влада да се придржува до правниот поредок.

Сиенкевич рече дека ставањето во ликвидација на државните медиуми ќе им овозможи да продолжат да работат додека е во тек реструктуирањето.

Со тоа би се избегнале и отпуштања на вработени, рече тој и додаде дека Министерството за култура во чија сопственост е, во секое време може да го запре процесот на ликвидација.

Министерот рече дека го направил овој потег поради одлуката на претседателот Дуда да стави вето на владиниот предлог-закон во средата, со кој се предвидени три милијарди злоти (695 милиони евра) за јавните медиуми.

Loading...

Дуда го објасни ветото со тоа што владата го прекршила уставот со назначувањето на ново раководство.