Полска ќе го добие најдлабокиот базен во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во полскиот град Мшчонов, одалечен околу 40 километри од Вашрава, на есет ќе биде отворен за јавноста базенот „Дип спот“ кој ќе има волумен како 27 обични базени.

Loading...

Базенот ќе биде длабок 45 метри, што значи пет метри подлабок од моменталниот рекордер, базенот во Монтегрото Термам на северот на Италија, пренесуваат локалните полски медиуми.

За да се наполни ќе му бидат потребни осум илјади кубни метри вода, што е еднакво на количество со кое би се наполниле 27 базени долги 25 метри.

https://www.instagram.com/p/BkXZwZyH6Qj/?utm_source=ig_embed

Базенот го гради истата компанија која го изградила и популарниот симулатор за падобрански скокови „Флај спот“ во Варшава.

„Дип спот“ нема да биде наменет само за професионални нуркачи, туку за сите кои не се плашат од длабочината.

Меѓутоа, овој необичен базен во Полска ќе држи рекорд само половина година затоа што до тогаш ќе биде завршен и „Синиот амбис“, кој моментално се гради во Колчестер, Велика Британија.

Овој проект го смислил поранешен воен инструктор за нуркање и технолошки консултант Џон Викерс, а неговата реализација е започната во 2014 година.

Како што најавија на својот интернет портал „Синиот амибс“ ќе биде единствен воден центар со најдлабок и најголем затворен базен од таков вид во светот.

Loading...

Leave a Reply