Полска ќе бара целосно ембарго на руската и белоруската храна

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Полска ќе побара од Европската комисија да воведе „целосни санкции“ за руските и белоруските земјоделски и прехранбени производи.

Loading...

„Би сакал целата ЕУ да одлучи за санкции против Русија и Белорусија, кога станува збор за земјоделските и прехранбените производи“, им рече Туск на новинарите во Вилнус, главниот град на Литванија.

Тој оцени дека заедничката одлука на ЕУ ќе биде „поефикасна“ од поединечните одлуки донесени од земјите-членки.

Летонија веќе го забрани увозот на земјоделски производи од Русија и Белорусија на почетокот на овој месец, вклучувајќи го и увозот преку земјите посредници.

Белоруски земјоделски и прехранбени производи, кои не се предмет на европското ембарго.

Според него, ваквите мерки би овозможиле санкциите да станат „пореални“, но и целосно да се ослободи можноста за извоз на украински земјоделски и прехранбени производи во трети земји.

Европските земјоделци во последните неколку дена демонстрираа против Европскиот зелен пакт и увозот на украински земјоделски производи дозволен од Брисел.

Во Полска земјоделците ги блокираат главните патишта на земјата и граничните премини со Украина.

Loading...