Полска ќе ѝ испорача на Украина тенкови Леопард од германско производство, најави полскиот претседател Анджеј Дуда.
Полска претходно најави дека планира да пренесе 10 борбени тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина, потег од големо значење за украинските војници, пишува Гардијан.
Во вчерашното обраќање, при посетата на Лавов, полскиот претседател рече дека тие тенкови ќе му бидат предадени на Киев како дел од пошироката меѓународна коалиција.
За овој трансфер е потребна дозвола од Германија, која Киев конкретно бараше да ја добие испораката на тенковите Леопард 2, што може да укаже на омекнување на ставот на Берлин за трансферот на борбени тенкови по неодамнешните контакти меѓу Варшава и германските претставници, пишува Гардијан.
Портпаролот на германската влада рече дека не знаел за барањата на сојузниците да испратат тенкови во Украина, прашање во центарот на неодамнешните преговори бидејќи голем број земји вршат притисок врз германскиот канцелар Олаф Шолц да дозволи испорака на Леопард 2 во Киев.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.