Полска го активираше член 4: НАТО на итен состанок!

Сподели со своите пријатели

НАТО ќе одржи итен состанок на барање на Полска, која се повика на членот 4 од договорот за НАТО, откако две лица загинаа во експлозија во Пржеводов, село во источна Полска во близина на границата со Украина, пренесува Ројтерс.

Loading...

Висок претставник на американското разузнавање изјави дека источна Полска била погодена од руски ракети, јави Асошиејтед прес, додека Пентагон вели дека нема информации кои потврдуваат дека станува збор за руски ракети.

Што значи активирањето на член 4 од Договорот за НАТО?

Членот 4 од договорот за НАТО го опфаќа сценариото во кое земја-членка се чувствува загрозена од друга земја или терористичка организација.

Страните ќе се консултираат меѓу себе секогаш кога, според мислењето на која било од нив, е загрозена територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста на некоја од страните“, стои во договорната клаузула.

30 земји-членки потоа започнуваат официјални консултации на барање на засегнатата членка.

Во разговорите се разгледува дали има закана и како да се спротивстави, а одлуките се носат едногласно.

Меѓутоа, членот 4 не значи дека ќе има директен притисок за дејствување.

Овој механизам за консултации е лансиран неколку пати во историјата на НАТО.

Loading...

Еден пример е пред една година, кога турските војници беа убиени во напад од Сирија.

Во тој случај НАТО беше консултиран, но не презеде ништо.