Полска бара од Германија 1,3 трилиони долари воена отштета

Сподели со своите пријатели

Полска бара од Германија да плати 1,3 трилиони долари за штетите предизвикани за време на Втората светска војна.

Loading...

Како што најави вицепремиерот на полската влада Јарослав Качински, Варшава сака да преговара со Берлин за исплата на репарации во тој проценет обем.

Тоа е сума со која, како што веруваат во Варшава, германската економија може „совршено да се справи“.

Десетици земји во светот добија компензација од Германија – „нема причина Полска да биде изземена од тоа правило“, посочи Качински, кој е и претседател на десничарската популистичка владејачка партија „Право и Правда“ ( PiS).

Качински додаде дека претстои „долг и тежок“ процес додека неговата земја не добие компензација.

На прес-конференција во Варшава, тој презентираше извештај за штетите што ги претрпе неговата земја како резултат на германската инвазија и окупација.

Германскиот напад врз Полска започна на 1 септември 1939 година. Тоа беше и почетокот на Втората светска војна, во која животот го загубија најмалку 55 милиони луѓе – според некои проценки, дури и до 80 милиони. Нема точни бројки.

Шест милиони луѓе ги загубија животите само во Полска, вклучувајќи три милиони Евреи.

Loading...

Германските окупатори речиси целосно ја уништија Варшава и многу други градови во земјата.

Барањето сѐ уште не е официјално поднесено

На владино ниво, Варшава сè уште не побарала никакви репарации од Берлин.

Партијата ПиС постојано се залагаше за германски воени репарации, но германската федерална влада повеќе не гледа правна основа за барањата за репарации од Полска и постојано го нагласуваше тоа.

Нејзиниот аргумент е дека полското комунистичко раководство во 1953 година се откажа од германските репарации.

Освен тоа, за Берлин со договорот „Два плус четири“ за надворешнополитичките аспекти на германското единство тоа прашање е затворено.

Тој договор беше потпишан во 1990 година од една страна од тогашната Сојузна Република Германија и Источна Германија (ГДР), а од друга од страна на силите победници во Втората светска војна. Тоа беше основа за повторно обединување на Германија.