Положила возачки испит по 960 обиди; „Постојано се враќаше“

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејката Ча Са-Сун стана вирален хит кога беше откриено колку е упорна во полагањето на возачки испит.

Loading...

Како што пишува Дејли Мејл, Ча потрошила дури 11.000 фунти на полагање, а конечно успеала да ја добие лиценцата – по 960 пат, по 15 години.

Ча за прв пат полагала писмен испит во 2005 година, но не била успешна и го положила само на 860. пат.

А штом успеала да го положи, почнала со практичниот испит, кој ѝ бил предизвик.

Ниту од тоа не се откажала и конечно успеала, по 15 години.

Како што пренесува Дејли Мејл, Ча била многу упорна во добивањето на возачка дозвола, а после се, на нејзиниот инструктор му олеснало.

– Кога конечно положи, сите отидовме да ја гушнеме, и купивме и цвеќе. Се чувствуваме како да ни е симната голема тежина од грбот! Никој од нас не се осмели да и каже да се откаже, таа беше многу упорна – рече тој.

Ча добила подарок и од Hyundai, нов автомобил!

Loading...