Половина век биле во брак, починале за две недели од коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Давид (76) и Марија Емот (74) починале по 52 години поминати во брак како резултат на компликации предизвикани од Ковид-19.

Loading...

Марија само преку Зум можела да се збогува со својот сопруг, кој умирал во болницата.

Дејвид починал на 18 октомври, а неколку дена по неговата смрт, Марија колабирала во нивниот дом во Олдам во близина на Манчестер и починала на 1 ноември.

Внуката на Кети (31), која живеела со нив, рече дека срцето и е скршено.

„Тие за мене беа како татко и мајка. Таа беше најдобрата пријателка на сите. Дедо ми им рече на сестрите во болницата колку ги сака своите девојки“, изјави внуката за „Дејли меил“.

Двојката ја прославила својата 52-годишнина од бракот во септември во еден локален паб, сепак, девет дена подоцна започнала трагедијата, кога Дејвид се здобил со опструктивна белодробна болест, што се покажало дека е резултат на коронавирус.

Тој примил вакцина против сезонски грип една недела порано, а семејството рече дека тој не покажувал некои посебни симптоми на болеста.

Давид бил во самоизолација 15 дена, но повикал брза помош на 15 октомври, бидејќи не можел да дише. Починал три дена подоцна во болницата, на одделот за интензивна нега.

Loading...

На Марија и се слошило само неколку дена по смртта на Давид, направила тест, открила дека е позитивна, а потоа починала на 1 ноември.

Двајцата се венчале во 1968 година и биле погребани заедно, еден крај друг на гробиштата Олдам.

Leave a Reply