Половина час попладневна дремка поттикнува добро расположение

Сподели со своите пријатели

Нема ништо поубаво од спиење попладне, особено ако ве обзема замор после работен ден или малку „појак“ оброк.

Loading...

Иако многумина заспиваат и прават добар маратон, попладневната дремка треба да трае 20-30 минути.

После долг сон се чувствуваме уморни и летаргични. Но, по идеалниот половина час ќе бидете полни со енергија, среќни и одморени.

 

 

Дремењето може да го изостри фокусот и концентрацијата, а една студија од 2009 година покажа дека за испитаниците кои често дремеле, концентрацијата била исто толку силна во попладневните часови како и наутро, додека кај оние кои не дремнале, таа паднала.

Спиењето е клучно за способноста на мозокот да го обработи она што го научил. Дремењето може да помогне новото знаење да се вкорени во мозокот и да ја подобри меморијата воопшто.

Loading...

Дремката од само 60 до 90 минути дневно може да помогне во учењето исто како и спиењето цела ноќ, покажа истражувањето.

Кратката пауза во текот на денот ни дава физичка сила и енергија, па телото подобро се справува со стресните ситуации, особено ако генерално не спиете доволно.

 

 

Неодамнешните истражувања покажуваат дека спиењето во попладневните часови исто така го намалува стресот и го зајакнува имунолошкиот систем, особено кај оние кои не спијат доволно.

Затоа, спуштете ги ролетните и одморете се. Вашето тело ќе ви биде благодарно, а вие ќе се чувствувате подобро и попродуктивно.