brown concrete building near green trees during daytime

Половина Аргентина без струја поради пожар

Сподели со своите пријатели

Повеќе од половина од територијата на Аргентина остана без електрична енергија откако пожарот ја оштети националната електрична мрежа, јави денеска Би-би-си.

Loading...

Главниот град Буенос Аирес, другите поголеми градови и значителен дел од руралните области се целосно или делумно без струја додека Аргентина се бори со топлотниот бран и сушата.

Се претпоставува дека пожарот избувнал на отворен простор, што довело до оштетување на пругите во крајбрежјето и прекин на работата на нуклеарната централа.

Температурите во одредени делови од таа јужноамериканска земја сè уште се постојано над 35 степени cелзиусови на крајот на летните месеци, јавува Би-Би-Си.

Во некои региони училиштата и продавниците беа затворени поради високите температури и прекинот на електричната енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицијата во САД успеала да идентификува жена која била убиена со чекан и запалена во 1991 година

Големите градови беа најтешко погодени, а во Буенос Аирес околу 150.000 луѓе се без струја.