Членките на ЕУ повеќе не можат да испраќаат оружје во Киев од своите залихи без да ја загрозат сопствената безбедност, пишува весникот „Политико“.
Членките на ЕУ повеќе не можат да испраќаат оружје во Киев од своите залихи без да ја загрозат сопствената безбедност, пишува весникот „Политико“, пренесува СРНА, повикувајќи се на изјавата на неименуван европски функционер.
„Не можеме да продолжиме да даваме од нашите сопствени залихи“, рече функционерот, кој побарал да остане анонимен.
Официјалниот претставник изјавил дека се уште постои силна јавна и политичка поддршка за борбата на Украина, но дека земјите од ЕУ „веќе дале се што нема да ја загрози нивната безбедност“.
Неименуван американски функционер за „Политико“ изјави дека европските залихи пресушуваат, по 18 месеци интензивни борби од индустриски размери.
„Политико“ пишува дека Пентагон има уште оружје да испрати во Украина, но дека им снемуваат пари за обнова на сопствените залихи.
Американскиот весник „Волстрит журнал“ вчера објави дека претставници на Пентагон објавиле дека Министерството за одбрана на САД има уште 5,2 милијарди долари за воена поддршка на Украина, што е приближно еднакво на вредноста на оружјето што администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го испратила во Украина во последните шест месеци.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.