Политичките лидери конечно се договорија за целосниот состав на ДИК

Сподели со своите пријатели

Лидерите  на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на вчерашната средба во Клубот на пратениците конечно постигнааа договор за целосниот состав на ДИК.

Loading...

Како што изјавија по одржаната лидерска средба, се очекува Собранието денес да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК.

  • Го покануваме Парламентот да ги финализира неоходните постапки што е можно побрзо, со цел  ДИК да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери објавена по средбата.

Претходно, по завршувањето на јавниот оглас партиите предложија членови на ДИК и тоа ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Сашо Срцев, СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, ДУИ Субхи Јакупи, а ДПА Бедередин Ибраими.

Претседателот и потпретседателот на ДИК ќе се бираат од редот на експертите, според новите измени на Изборниот законик.

По потврдувањето на имињата на деветмината членови на ДИК од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, се очекува да биде свикана и пленарна седница на која ќе биде изгласан новиот состав на ДИК.

фото: кукурику.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.