Политичар го однел детето на работа. Малиот стана интернет ѕвезда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претставникот во Претставничкиот дом на САД, Џон Роуз одржа незаборавен говор, но не поради тоа што го кажа на говорницата, туку поради неговата придружба.

Loading...

Згора на тоа, секој што го гледаше неговиот говор тешко можеше да се концентрира на она што го кажува Роуз, а причината беше она што се случува зад него.

Имено, Роуз го однел синот Гај на работа, а момчето го украде целото внимание бидејќи правеше гримаси пред камерата додека неговиот татко држеше говор за Доналд Трамп.

Откако се насмевна на камерата и гримасираше, Гај почна да го вади јазикот, да превртува со очите и да ја тресе главата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)

Момчето стана хит на интернет

Меѓутоа, ситуацијата е дополнително комична бидејќи Роуз немал поим што прави неговиот син пред камерите, а зад грб додека го држел својот говор.

Самиот Роуз објави клип од говорот на своите социјални мрежи.

„Ова го добивам кога му кажувам на мојот син Гај да му се насмевне на камерата за неговиот помал брат“, напиша пратеникот.

Наскоро момчето стана предмет на мемиња и ѕвезда на социјалните мрежи.

Loading...