Полициско возило се судри со автомобил полн мигранти кај Романовце

Сподели со своите пријатели

Автомобил на Министерството за внатрешни работи вчера се судрил со друго возило кое било преполно со мигранти од Пакистан.

Loading...

– На 14.06.2020 во 19.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, кај наплатната рампа Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, информираат од полицијата.

По незгодата, возачот на возилото „фолксваген пазасат“ го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени осум мигранти од Пакистан.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово во присуство на инспектор од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply