Полициско возило се судри со автобус и автомобил во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три возила, од кои едно сопственост на Министерството за внатрешни работи, вчера се судриле во Куманово.

Loading...

– На 27.02.2020 во 15,40 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „киа“ управувано од М.Х.(29) од Куманово, патничко моторно возило „шкода“ сопственост на МВР, управувано од Г.Б.(51) од Куманово, и автобус „темса“ управуван од И.С.(41) од Куманово, информираат од МВР.

Во незгодата сопатникот В.П. (32) од патничкото возило „шкода“ се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општата болница- Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply