Полицијата затекна малолетници во кумановска дискотека

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од СВР Куманово, во соодејство со Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, викендов во периодот од 00.30 до 03.30 часот извршиле контрола во дискотека во селото Проевце, кумановско.

Loading...

Притоа, како што информираат од кумановската полиција, биле затекнати три малолетни лица за што бил изготвен Записник за констатиран прекршок согласно одредбите од член 21 од Законот за прекршоците против јвниот ред и мир.

Исто така, било затекнато и едно лице кое со себе не носело лична карта за идентификација за што ќе биде поведена соодветна прекршочна постпка.

Leave a Reply