Платежните картички кои ги добија граѓаните преку проектот за купување домашни производи деновиве создадоа вистински хаос пред банките во Куманово.
Loading...
Секоја банка има одбележано со жолти линии на два метри препорачана дистанца за чекање, но ретко кој од оние кои побрзаа да ја подигнат или да добијат информација за картичката, ја почитува, па деновиве има вистински хаос.
И вчера и денеска полицијата беше принудена да воведува ред со цел да се испочитуваат препораките за заштита од ширење на коронавирусот.