Полицијата во Куманово во акција против лица – помагачи на ИСИС

Сподели со своите пријатели

Во тек е голема антитерористичка акција на МВР насочена против припадници на Исламската држава (ИСИС) во земјава, како и лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации, пренесува МРТ.

Loading...

Се вршат претреси и апсења во неколку градови истовремено. Досега во Скопје, Струга и Куманово се приведени неколку лица, а сеуште траат претреси во објекти во Гостивар и на други места.

Се врши претрес и во придружен објект на џамија во Скопје, која подолг период наназад беше надвор од контрола на ИВЗ.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.