Полицијата спречи шверц на 33 мигранти без документи

Сподели со своите пријатели

Г.Н. (28), државјанин на Република Грција. се обидел да шверцува 33 мигранти без документи, при што бил запрен од страна на полициските службеници на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на тунелите кај Демир Капија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Настанот се случил вчера околу 20:40 часот кога полициските службеници го стопирале товарното моторно возило марка „Мерцеде Спринтер“ со бугарски регистарски таблички управувано од грчки државјанин.

Притоа во возилото биле пронајдени 33 мигранти без документи. Лицето и  мигрантите се приведени во Полициска станица од општа надлежност Неготино, а на 12.02.2016 година ќе биде спроведен до Основното јавно обвинителство за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција и основниот суд Скопје-1 во Скопје, додека мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци, стои во билтенот на МВР.