Полицијата спречи шверц на 17 мигранти

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници на магистралата Струмица – Радовиш вчера околу 2:30 часот по полноќ забележале три возила кои се движеле со голема брзина и веднаш се упатиле кон нив, при штодве од возилата побегнале, а во третото биле откриени 17 мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи

Во возилото марка, „Oпeл Синтрa”, со скопски регистарски ознаки, било пронајдено и во него биле затекнати 17 мигранти и истите биле приведени во полициската станица Струмица и  по извршениот разговор, по наредба на јавен обвинител , тројца мигранти биле спроведени и предадени во Прифатниот центар во Скопје, додека останатите 14 мигранти биле предадени во Транзитниот центар во Гевгелија.

Се преземаат активности за утврдување на идентитетот на возачот на возилото и пронаоѓање на останатите две возила, велат од МВР.