Полицијата регистрирала 975 прекршувања на мерката за носење маски

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.

Loading...

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply