Полицијата објави фотографија од баран криминалец, жените полудеа по него (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Откако австралиската полиција побара помош од јавноста во потрагата по привлечно момче кое се бара за непочитување на судските одлуки и објави негова фотографија, жените му се нудат од сите страни.

Loading...

Полицијата од Викторија изјавила дека Џес Мабилија (28) е висок околу 185 сантиметри, со средна градба и има сини очи и темна коса и дека тој често ги посетува полуостровот Морнингтон, Франкстон, Бас Коуст и Џилонг.

 

 

Една девојка и понудила на Мабилија „да се скрие со неа во станот“, а друга напишала дека се надева дека ќе го најде „на Тиндер пред полицијата да го најде“.

Една дури го спореди со холивудскиот пејач Џон Мејер.

Во 2014 година „најзгодниот затвореник на светот“, Американецот Џереми Микс, стана сензација на интернет откако неговата слика објавена од полицијата во Стоктон стана вирална.

Loading...

 

 

Тој беше ослободен од затвор откако издржа 27 месеци казна за поседување оружје и пружање отпор при апсење, по што потпиша договор со агенцијата за модели и манекени „White Cross Management“.

Тој шеташе по модните писти во Милано и Њујорк и е популарен пред се поради неговиот имиџ на „лошо момче“ и минатото.

Се проценува дека нето вредноста на неговото богатство е најмалку седум милиони долари.

Leave a Reply