Полицијата испукала 52 куршуми во тинејџер за време на протест, сега е слеп (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тинејџер го загубил видот откако венецуелската полиција, за време на протест кој се одржал на 2ри јули во градот Сан Кристобал, во неговото лице испукала поголема количина гумени куршуми, јавува CNN.

Loading...

Лекарите, кои се обиделе да го спасат видот на Руго Чакон, рекле дека во лицето му биле испукани 52 гумени куршуми, од кои 16 долетале право во очите.

Во полицискиот извештај за истрагата на несреќата стои дека државните безбедносни сили насилно и без предупредување тој ден ги спречиле протестантите. При споменатиот инцидент, повредени се уште две малолетни лица. Еден од нив бил помладниот брат на Руго, Адриан (14) кого полицијата со палка го удрила во главата.

Двајцата тинејџери протестирале со својата мајка, Адриана Парада, поради недостаток на плин за готвење во регионот.

Руфо Чакон рекол дека започнува да ги заборава боите, но не губи надеж.

– Сакам повторно да гледам. Чувствувам многу, би сакал да плачам, но не можам повеќе. Се исплакав премногу во болницата, рекл тој за CNN.

Лекарите во болницата во Сан Кристобал изјавиле дека успеале да го отстранат само она што останало во очите на Чакон, и дека се уште постои можност од инфекција затоа што на неговото лице и глава останале парчиња од гумените куршуми кои хирургот не успеал да ги извади.

Чакон во болница минал четири дена, затоа што лекарите заклучиле дека би можел да добие инфекција ако подолго престојува во таа занемарена државна институција.

Loading...

Економската криза која последните години се засилува во таа држава, најтешко ги погоди болниците, кои немаат доволно лекови и опрема, а често ниту вода и вентилација.

https://youtu.be/OX6XHUS93Rk

фото: Youtube/Caraotadigital.net

Leave a Reply