Полицијата го затвори најголемиот светски пазар на дарк веб

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Германија успеа да го затвори најголемиот пазар во светот на дарк веб, пренесува Спутник.

Loading...

Dark net е мрежа на интернет, достапна само со помош на специјализиран софтвер и е хостирана на шифрирани мрежи, обезбедувајќи големи можности за анонимни криминални активности.

Според полициската станица во германскиот град Олденбург, лицата кои управувале со DarkMarket, најголемиот „црн пазар“ на темната мрежа, биле уапсени.

 

 

На челото на Дарк Маркет бил австралиски државјанин, кој бил уапсен на границата меѓу Германија и Швајцарија, а потоа биле „запленети“ повеќе од 20 сервери во Молдавија и Украина.

Обвинителството тврди дека оваа нелегална „продавница“ била користена за продажба на дрога, лични податоци украдени од кредитни картички, како и малициозен софтвер, ширум светот.

Loading...

Патем, овој darkMarket е втора нелегална продавница што постои под тоа име, бидејќи ФБИ успеа да ја затвори првата во 2008 година.

Тогаш беа уапсени повеќе од 60 лица, на различни локации низ целиот свет.

Leave a Reply