Полицијата го казни британскиот премиер

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак е казнет затоа што не го ставил појасот на задното седиште од својот автомобил додека бил на пат во северна Англија.

Loading...

Сунак правеше видео за Инстаграм за време на тридневната посета на градовите на север за да го промовира новиот план на владата.

Видеото на кое се гледа како Сунак се врти на своето седиште и не е врзан со ремен, е отстрането за социјалните мрежи.

Даунинг стрит рече дека инцидентот е „мал пропуст во проценката“, но полицијата во Ланкашир одлучи да го казни Сунак.

„Многумина од вас се свесни дека на социјалните мрежи кружи видео на кое човек не се врзува додека е во автомобил во движење. Затоа изречевме казна на четириесет и двегодишен маж од Лондон“, соопштија од полицијата, пренесува РТС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци