Полицијата четири часа бркала бик, а тој слободно шетал по улиците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жителите на Лас Вегас, поточно дел од градот во кој се наоѓа булеварот Мартин Лутер Кинг и Вашингтон авенијата, рано наутро ги преплашил еден бик, кој избегал од сопственикот и слободно се шетал по улиците дури четири часа.

Долго не можеле да го фатат и пркосел на полицијата, минувајќи покрај автомобилите со вклучени ротации како да не ги забележува. Шетал покрај куќи и улици избегнувајќи ја потерата. По неколку часа конечно безбедно го „привеле“.

Се претпоставува дека прв пат е забележан околу 3 часот наутро.

Loading...

Се појавил и еден каубој на коњ да помгне во фаќањето.

Надлежните навеле дека бикот прво ќе биде однесен кај ветеринар, на проверка на здравствената состојба, а потоа вратен кај сопственикот или ќе му биде пронајден нов дом.

Засега остнаува непознато како бикот се ослободил.

Leave a Reply