Полицајци загинаа во Бугарија во обид да запрат автобус со мигранти

Сподели со своите пријатели

Двајца полицајци загинаа во Бугарија при обид да запрат автобус со мигранти кој илегално влегол во земјава, соопшти тамошното МВР.

Loading...

Инцидентот се случил утринава во пет часот во градот Бургас.

Во автобусот со турски регистарски таблички се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена.

Возачот на автобусот прво не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место.

Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, ги прегазил и потоа удрил во автобуската станица, пренесува Бета-АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

Двајца полицајци во автомобилот загинале на лице место.

Засега не е покренато обвинение против возачот, но окружниот обвинител Георги Чинев ги нарече постапките на возачот „свесен чин“.

Бугарија се наоѓа на миграциската рута преку која луѓето бегаат од Блискиот Исток во Европа.

Loading...

Малкумина од нив сакаат да останат во неа, а повеќето од нив се обидуваат илегално да одат понатаму и да стигнат до ЕУ.