Полицајци и новинари нападнати на анти ковид протест во Германија

Сподели со своите пријатели

Напади врз полицијата и новинарите имаше на синоќешните протести на противниците на мерките за корона во Германија.

Loading...

Насилниците од навивачката сцена се судрија со полицијата во Росток по завршувањето на протестот.

Според полицијата, до конфликтот дошло, како и пред една недела, по демонстрациите.

По протестот група луѓе продолжиле да се шетаат низ центарот на градот, при што дошло до судир со полицијата.

Во Косвиг, новинари биле нападнати на корона демонстрациите.

Полицијата уапси 40-годишен маж осомничен за напад на новинар.

Новинарите кои го следеа протестот на Твитер објавија дека се соочени со тепање, навреди, па дури и фрлање шишиња.