Полицајци и граѓани гаснеа пожар на нискостеблеста шума во село Матејче

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, ТППЕ Куманово бележи интервенција  на Пчињски пат кај локалитето викан Ристово Трло. каде бил пријавен пожар предизвикан од опожарена сува трева со непозната површина.

Loading...

Истиот ден, од страна на полицијата во с .Матејче добиено е известување за запалена нискостеблеста шума во атарот на истото село, а за пожарот се известени Раководителот на РЦУК, ДЗС ,ТППЕ како и ЈП Шумско стопанство. Во гаснење на пожарот учествувале три лица вработени во Јавното претпријатие како и двајца полицајци.

Пожар бил пријавен и во селото Сув Ора каде било интервенирано во време од 18,25 до 20,20 часот со едно ПП возило и тројца пожарникари на површина зафатена од запалена сува трева.