Полицаецот им подлегнал на повредите во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Екипите на Итната медицинска помош од Куманово во текот на ноќта ги демантираа информациите објавени на дел од порталите дека полицискиот службеник од СВР Куманово кој вчера бил нападнат во ромската населба Средорек, починал на самото место пред да пристигнат лекарите.

На интервенцијата за семејно насилство отидовме заедно со полицијата. Насилникот кој го малтретирал своето семејство со нож во рацете мавташе кон лекарите и полицајците при што му нанесе повреди на полицискиот службеник. Истиот веднаш од страна на лекарите беше транспортиран во возилото на Итната медицинска помош каде го реанимиравме и го одржавме во живот. Потоа како итен случај беше пренесен во операционата сала на Одделениот за хирургија во кумановската болница каде им подлегна на повредите – велат од кумановската Брза помош.

Инаку, вчеравечер пред 23 часот, полицискиот службеник на околу триесетгодишна возраст бил нападнат при интервенција на повик за семејно насилство.

Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи се очекуваат во текот на денешниот ден.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...