Денис Кузмин, полицаец во градот Псков на северот на Русија, преку ноќ станал херој на руските медиуми, бидејќи скокнал во студената река „Псков“ и спасил дванаесетгодишно девојче кое скокнало од мостот.
Кога скокнала од мостот, девојката повикала помош. Еден од очевидците повикал полиција, која испратила патрола, во која бил и Денис Кузмин.
Според руските медиуми, тој на својот колега му го дал појасот со пиштол, го соблекол горниот дел од униформата и скокнал во студената река. Наскоро еден случаен минувач скокнал по него со цел да му помогне.
Мала група минувачи се собрале и му помогале на полицаецот да ја извлече девојката од реката до брегот.
Наскоро, други патроли и помошта на Хирна пристигнале на местото на настанот, кои се грижеле за девојчето.
Мотивот зошто девојката одлучила да скокне од мостот не е познат.
Полицейский спас 12-летнюю девочку, которая упала с моста в реку в Пскове. Она просила о помощи.
Очевидцы позвонили в полицию. На место приехал экипаж ППС. Денис Кузьмин отдал напарнику оружие, снял форму и нырнул в холодную воду. За ним следом прыгнул прохожий. pic.twitter.com/Ai4OxhuXpo
— Борис 🇷🇺 (@BorisPrimorye) October 12, 2021