Полицаец повреден откако на ГП „Табановце“ возило удрило во кабина за пасошка контрола

Сподели со своите пријатели

Полициски службеник се здобил со телесни повреди, откако возило удрило во кабина за пасошка контрола на Граничниот премин Табановце, откако претходно се судрило со други возила.

Loading...

– На 18.12.2020 околу 22.30 часот на автопат Табановце – Куманово, на Граничен премин Табановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел инсигниа“, со италијански национални ознаки, управувано од А.Р.(47) од с.Желино, патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(18) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со словенечки национални ознаки, управувано од Г.И.(52) од с.Истибања, виничко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, возилото „опел инсигниа“ удрило во кабина за пасошка контрола, во која се наоѓал полицискиот службеник Е.Ф.. Во незгодата, Е.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply