Полицаец од Куманово несовесно ги извршувал работните задачи

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 11 решенија против 11 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки  2,4,7 и 10, член 207 став 1 точка  1,2,3 и 8, и член 208 став 1 точки  3, 10, 14, 18 и 20 од Колективниот договор на МВР.

Loading...

Притоа, на девет вработени изречена им е мерка  – „парична казна”, на еден вработен, мерка – „распоредување“ и на еден вработен, мерка – “отказ.

Меѓу единаесетте полицајци кои заработија казнени мерки е и полицаец од Полициска станица Куманово на кој му е изречена парична казна во висина од 15% од месечната плата за наредните три месеци поради несовесно вршење на работните задачи.

Меѓу другите кои заработија казнени решенија се:

Полициски службеник за прифат – сменоводител во ПС од ОН Драчево, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (десовесно ги извршувал работните обврски);

Полицаец во ПС од ОН Гази Баба, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци (доцнел на работа и насилнички се однесувал кон непосредните старешини);

Полицаец во ПС од ОН Штип, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (при чистење на формациското оружје, испукал еден крушум);

Виш инспектор за економски криминалитет во НК за КР Струга, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (без одобрение на непосреден старешина го напуштил работното место и заминал во странство);

Loading...

Полицаец за БПС во ПО за БПС Гевгелија, ПС од ОН Гевгелија, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (без писмена согласност вршел дополнителна дејност);

Главен оперативен работник во Одделение за претходница и поддршка, ЦПС, изречена му е мерка „распоредување на работно место во едно ниво пониско од работното место на кое дотогаш работел работникот“(неосновано употребил средства за присилба);

Полицаец во ПО за НФОО на МВР и останати објекти, ПС за НФОО, ЦПС, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не се грижел за опремата и средствата за работа со кои е задолжен);

Полицаец во ПО за НФОО на МВР и останати објекти, Оддел за обезбедување, ЦПС, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (спиел на работното место);

Полицаец за БПСПО за БПС Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „отказ“ (неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена);

Виш инспектор за криминалистичко-технички увиди на место на настан во НК за КР Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (спиел на работното место);