Полицаец го убил шефот во полициска станица во Австрија, се скарале на состанок

Сподели со своите пријатели

Во полициската станица во Трибен, Горна Штаерска, офицер го застрела командирот на станицата за време на утринскиот состанок.

Loading...

Како што пренесува „Кронен цајтунг“, утринава околу 7 часот и 45 минути, 46-годишен полицаец испукал истрел во кој загинал 59-годишниот командир на полициска станица во Австрија.

На средбата наводно дошло до расправија меѓу колеги, по што еден офицер испукал три куршуми од службеното оружје Глок 17 и го застрелал командирот.

Останатите полицајци успеале да го задржат, но командирот повеќе не можел да се спаси. Тој починал на лице место.

Истрагата и увидот се во тек. Напаѓачот моментално е во притвор во друга станица во областа Лизен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни