„Pokemon Go“ е креација на американските тајни служби?

Сподели со своите пријатели

Амелина, која живее во Ростов на Дона, упатила писмо до Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија во која детално се обавестуваат зошто наизглед,забавната игра е стратешки опасна и мора да биде забранета во Русија.

Авторите на играта се поврзани со „Гугл“, кој го финансира службениот фонд на ЦИА, наведува Амелина, а пренесе „Космополската правда“.

Тие на овој начин решија важни картографски задачи, се обновија податоците за сите патишта, бази и така натаму. А, некогаш картиет беа стратешки важни, па дури и државна тајна – вели таа.

Во цивилните карти некогаш намерно биле впишувани неправилни податоци, за да се сокрие вистинската состојба на работите.

Автомобили – роботи влегуваат во секакви улици, ги исцртаа сите наши градови, возила, луѓе. Остана уште еден проблем. Како да се влезе во нашите домови, подруми, темни алеи, касарни и државни институции? И ете ја направија генијалната, заразна игра „Pokemon Go“. ВО бркањето покемони и обидите да ги фотографираме, всушност предаваме фотографии од просторот во кој се наоѓаме, па и географските координати – предупредува Амелина во писмото до ФСБ.

Ако вака се настави, наведува Амелина, ќе дојде до ситуација во која и во државни институции ќе започнат да вибрираат телефоните на претставниците на Парламентот, чистачките и новинарите со порака дека Пикачу е близу и луѓето ќе бидат пресреќни и ќе побрзаат што поскоро да ги вклучат камерите и микрофоните.

 

Loading...