Покачен водостојот на река Пчиња

Сподели со своите пријатели

Реката Пчиња бележи благо покачување на водостојот во изминатото деноноќие.

Loading...

Како што покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, вчера нивото на реката било на 38 сантиметри, а веќе денес изнесува 20 сантиметри повеќе.

Според мерната станица на Управата лоцирана во селото Пелинце, со денешниот водостој надминат е просекот за месец јуни кој изнесува 51 сантиметар.

Leave a Reply