Погребот на Шќипоња помина без клучните луѓе на ДУИ (видео)

Сподели со своите пријатели

На муслиманските гробишта во Куманово, вчера беше погребан Џемаил Реџепи, алијас Командант Шќипоња (орел), во придружба на голем број граѓанини, роднини, пријатели и поранешни соборци од 2001. Реџепи беше испратен без ниту еден висок претставник на ДУИ.

Loading...

Муфтијата од Куманово, ефенди Абедин Имери во говорот во чест на починатиот,  посочи дека смртта на Реџепи е знак да престанат да се прават вакви експерименти во Куманово.

“Ваквата политика да се задржи подалеку од рацете на Куманово”, изјавил муфтијата Имери.

Единствениот претставник од ДУИ коj дал изјава за Лајм за овој настан е потпретседател на Собранието Рафиз Алити кој барал партиските органи итно да се соберат и да зборуваат за случајот.

“Тој беше дел од 2001. Тој беше еден од клучните фигури, кои дадоа посебен придонес во кумановскиот регион. Сепак тој беше, исто така, активист на ДУИ. Се разбира, за детали треба да се расправа во партиските органи, како дошло до овој трагичен настан и очекуваме правосудни власти до крајот да го откријат случајот “, рече Рафиз Алити, потпретседател на Собранието.

++


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.