Поголемиот дел од западните компании продолжуваат да работат и инвестираат во Русија

Сподели со своите пријатели

Огромен број компании со седиште во Европската унија и земјите од Групата 7 продолжуваат да работат и инвестираат во Русија, покажува новата студија за инвестиции на западни компании, пренесува Политико.

Loading...

Помалку од девет проценти од околу 1.400 компании од ЕУ и Г7 кои работеа во Русија пред војната во Украина продале најмалку една подружница во таа земја до ноември 2022 година, според податоците на професорот Сајмон Ивент од Универзитетот во Сент Гален и Професорот Никола Писани од Меѓународниот институт за развој на менаџментот.

Ова е изненадувачки, ако се земат предвид најстрогите санкции на Западот против Москва и бројните медиумски извештаи за излегувањето на западните компании од Русија по почетокот на војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Путин е подготвен за контакт со Трамп, Москва чека сигнали

Авторите на студијата во соопштението наведоа дека овие податоци ја доведуваат во прашање подготвеноста на западните компании да се дистанцираат од економиите кои нивните влади сега ги сметаат за геополитички ривали.

Некои од најголемите светски компании, како што се Форд, Рено, Мекдоналдс, Икеа и Шел, се меѓу десетиците западни фирми кои целосно се повлекоа од Русија, според списокот составен од Универзитетот Јеил.

Сепак, многу други, како што се гигантот за широка потрошувачка Unilever, американската франшиза за брза храна Subway и италијанскиот производител на тестенини Barilla, продолжија да работат во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.