Поголемиот дел од луѓето можат да живеат 130 години и повеќе, тврдат научниците

Сподели со своите пријатели

Според научниците, луѓето можат да живеат најмалку 130 години, а можеби и многу подолго, барем тоа е статистиката на истражувањето објавено во списанието Royal Society Open Science.

Loading...

Иако надежта не боли, шансите повеќето луѓе да доживеат толку длабока старост се екстремно мали.

Таков долг животен век веројатно ќе бара голема научна револуција во медицинската технологија за да стане вообичаена.

 

 

Досега, границите на човечкиот живот останаа предмет на жестока дебата, а неодамнешните истражувања сугерираат дека би можеле да живееме до 150 години.

Други истражувања целосно ја поместија границата, тврдејќи дека човечкиот живот не е нужно ограничен со „крут животен век“.

Loading...

Ако ова беше вистина, тоа значи дека не постои максимален животен век кај луѓето, но една нова студија ги анализира неодамнешните податоци за супер-стогодишници, односно луѓе постари од 110 години, како и податоци за полу-супер-стогодишници, луѓе кои имаат 105 години и повеќе.

Утврдено е дека ризикот од смрт постојано се зголемува како што старееме, а потоа станува постојан со шанса 50:50 дека едно лице ќе умре или ќе преживее секоја наредна година.

 

 

Попрецизно, по 110-годишна возраст, едно лице може да ги спореди шансите за преживување следната година со фрлање монети.

Сегашните податоци покажуваат дека луѓето можат да живеат најмалку 130 години, но дека не постои ограничување за човечкиот животен век.

Сепак, дури и да е реално, најверојатно нема да се случи. Една од причините е што ретки се оние луѓе што живеат подолго од 100 години.

Loading...

Кога човек ќе наполни 110 години, неговите шанси да живее уште 20 години и да го прослави својот 130-ти роденден се исклучително мали, во сооднос од 1: 1.000.000, освен ако не се случи голема медицинска револуција.