Поголема излезноста во Куманово во споредба со минатите избори

Сподели со своите пријатели

Куманово бележи поголема излезност на денешното гласање, во споредба со парламентарните избори одржани во декември 2016 година.

Loading...

Денеска заклучно 11 часот во Куманово своето право на глас го оствариле 14,12% од граѓаните, додека на минатите избори до 10 часот кога бил и вториот пресек гласале 9,28 отсто од граѓаните.

Поголема излезност се бележи и во Липково и тоа дури за шест отсто. Ако во 2016 година до 10 часот гласале 4,02 отсто од граѓаните, денеска до 11 часот тоа го сториле 10,45 отсто од граѓаните.

И Старо Нагоричане бележи поголема излезност во споредба со минатиот изборен циклус. Во 2016 година гласале 10,11 отсто од граѓаните, а денеска минимална зголеменост, односно 12,71%.

Сепак на овие избори различно е и тоа што гласањето ќе трае два часа повеќе односно, наместо до 19, избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply