Наместо да го исчисти снегот на патот и да го олесни сообраќајот, една машина на автопатот во американската сојузна држава Охајо создаде вистински хаос. Поминувајќи го автопатот Охајо Турнпајк во округот Ири, машината исфрли парчиња мраз и снег на патот, при што беа оштетени најмалку 40 автомобили и предизвикани несреќи во кои беа повредени 12 лица. Тоа се случило на 23 јануари, а еден возач на камион ја снимил машината и несреќа предизвикана од фрлање мраз врз автомобилите.

На видеото се гледа дека машината се движела со иста брзина како и другите возила, околу 110 километри на час и фрлал стврднат снег, мраз и кашест снег врз возилата кои доаѓале од спротивниот правец.
Возачот на еден автомобил изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
– Никогаш не сум видел нешто слично. Не знаев како да реагирам, само се зачудив што некој може да биде толку несовесен – рекол камионџијата кој ја снимал машината. Тој кажа и дека е скршено ветробранското стакло на автомобилот кој излетал од патот. Подоцна беше откриено дека машината ја управувал 54-годишниот Тимоти С Ракај, кој веднаш бил суспендиран и е под истрага.

