Погледнете го видеото со кое Русија ги убедува луѓето да одат во војна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се појави ново видео на руското Министерство за одбрана во кое тие се обидуваат да ги убедат луѓето да одат во Украина.

Во новото видео, потенцијалните војници се охрабруваат да ја преиспитаат својата сегашна кариера во врска со можноста да се приклучат на руските вооружени сили.

Во еден кадар има човек кој изгледа како личен тренер во теретана, а на екранот се појавува пораката „Ова ли е твојата сила?“.

Во вториот кадар, во продавницата се појавува чувар, кој потоа е прикажан во друга улога – како вооружен војник.

Кон крајот на минатиот месец, Министерството за одбрана на Белика Британија објави дека Москва се подготвува да започне голема акција за регрутирање „со цел да ангажира дополнителни 400.000 војници“.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.