Погледнете ги подземните војнички бункери на Југославија (фото)

Сподели со своите пријатели

За воените аеродроми во јавност до денес се нижат фантастични приказни, а посебно аткрактивни биле аеродромите Жељава кај Бихаќ и Слатина кај Приштина.

Loading...

Аеродромот Жељава бил најголемиот подземен аеродром во Југославија и меѓу најголемите во Европа. Технички и технолошки бил обезбеден од силни нуклеарни удари. Четири големи влезови се затварале со челични врата дебели еден метар. Вратата тежеле 100 тони и херметички се затварале и можеле да издржат директно гаѓање на нуклеарен проектил. Просториите во внатрешноста на комплексот биле поврзани со 56 тешки панцирни врата.

v198034

Бил неосвоив и за два повратни удари. Првите врата можеле да издржат нуклеарен удар од дваесет килотони, а поради кршење на ударниот бран, вторите врата со иста отпорност можеле да издржат и удар од 100 килотони, додека третите од 500 килотони.

Жељава се до 1992 година била најмоќната воена база во тогашната СФРЈ, а и во Европа. За нејзината градба е користен модел од Шведска, која тогаш била најпозната држава по градење на подземни аеродроми.

Лицарн е на границата со Босина и Хрватска, во подножјето на планината Плиешевице. Граден е од 1959 до 1968 година, кога е и отворен на брзина, поради советската инвазија на Чехословачка.

v198034-1

Граден е визионерски за 21 век. Целиот комплекс го граделе исклучиво домашни фирми. Тактичко-техничките карактеристики биле импресивни. Три подземни галерии за сместување на 58 авиони, а по неофицијалните извори можело да се сместат дури 8-, па и 120 авиони МИГ-21. Летењето од тој аеродром бил голем предизвик за секој пилот.

Loading...

Во медиумите пилотите претходно сведолече дека внатре се наоѓа и голем ресторан кој одеднаш можел да собере 1000 луѓе, 200 пилоти и 500 механичари, како и гости.

Само Јосип Броз Тито смеел да ја фотографира внатрешноста. Во него се влегувало со пропусница, која имала црвена дијагонална лента.

v198034-2

Аеродромот имал моќни електронски очи и уши – седум радари кои чинеле секој по 12 милиони долари, а системот за наводување чинел 50 милиони долари бил најскапиот систем на ЈНА. Британските радари Ѕ-613 со домет поголем од 400 килограми служеле за надгледување на целата територија на Италија, Австрија и добар дел од Унгарија.

Кон крајот на 1992 година, ЈНА пред повлекувањето го онеспособила овој аеродром со 56 тони експлозив, а потоа и забот на времето го направил своето, па денес се само рушевини.

v198034-4

Според зборовите на експертите, единстрвен аеродром кој може да се спореди со Жеава, иако доста помал, е Слатина кај Приштина, со радарски центар на планината Голеп. Издраж бомбардирање со најтешките американски проектили во 1999 година без поголеми оштетувања.

Жељава можела да прими три ескадрили целата логистика која го обезбедувала кругот од триесет километри, додека приштинскиот две ескадрили.

Loading...

Покрај овие два аеродроми – првите линии на одбраната, второто ниво на заштита биле аеродромите кои исто така имале подземни глаерии и услови за заштита од нуклеарен удар.

Второто ниво биле подземните галерии во Подгорица, мостар и Сплит, но со помала автономија на воздух, вода и храна. Во нив немало услови за подготвување на храна туку се носело сува храна.

v198034-3

Покрај аеродромите во Бихаќ и Приштина, авиобазата во Шипчаник била единствена во поранешна Југославија од која авионите полетувале буквално од тунел изграаден во сред планина.

Третото ниво на заштита биле армирано-бетонски складишта за авиони и луѓе, кои ги имале сите аеродроми. Секој авион имал свое армирано-бетонско складиште.

Пример за грандиозен подземен одбрамбен проект на СФРЈ представува и лавиринт во карипите на островот Вис во должина од 70 километри во кој 45 дена целосно можело да се живее во изолација и тука можело да бидат стационирани 5 илјади војници. И тој денес исто така е цолно уништен.